Почитувани,

Поради се поголемите новини предизвикани од Климатските промени во полето на ладење и климатизација како никогаш досега не е нагласена потребата од правилно монтирање, сервисирање и одржување на системите за ладење и климатизација. Од стручноста и квалификуваноста на сервисерите кои работат со овие уреди многу влијае правилната работа и потрошувачката на енергија на уредите како и заштитата на животната средина.

Поради овие факти се наметна формирање на Групација на сервисери во Македонија во која ќе се обединат сите субјекти кои имаат допирна точка со овие уреди. Оваа Групација најмногу ќе служи како платфрома во која ќе се бранат интересите на сите фирми кои се бават со оваа дејност, ќе се разменуваат искуства и знаења од проблематиката, ќе се даде допринос кон дефинирање државните регулативи кои ја третираат оваа дејност, ќе биде почетна точка за информации за сите идни членови кои сакаат да се бават со оваа дејност и многу други придобивки кои произлегуваат од самото членување.

Како предизвици кои стојат пред нас се планот за елиминација на HCFC ладилните флуиди до 2030 г. Иако Македонија е повластена држава како земја во Развој со долгиот период кој ни е одреден за елиминација на HCFC ладилните флуиди никако не смееме да станеме пасивни и да сметаме дека времето е доволно. Уште повеќе што стратегијата на Македонија е членство во ЕУ и со тоа обврските треба да ги сфатиме сериозно и професионално. Во овој период што престои треба да се обидеме да размислуваме еколошки односно секаде каде што е изводливо и технологијата го дозволува тоа да аплицираме системи со природни ладилни флуиди и енергетски ефикасни решенија. Иако како алтернатива на HCFC флуидите се HFC флуидите, поради потенцијалот на глобално загревање што го имаат нивното ограничување и се помалата употреба е неизбежна во светски рамки. Ние како субјекти кои работат со оваа проблематика мора бидеме дел од развиениот свет и да применуваме решенија кои се енергетски ефикасни и еколошки одржливи.

Ви посакувам успех во работата на сите членови и заедно да се погрижиме оваа средина која ја имаме и во која живееме да ја одржиме чиста бидејќи тоа е наша обврска.

Со почит,

м-р Васил Цицонков, дипл. маш. инж.

Престедател на Групацијата СЛК