Почитувани,

Започнуваме иницијатива за објавување на референтни цени за монтажи на клима уреди за 2013 година. Идејата е да се направи универзален ценовник и да се објави на веб страната www.slk.org.mk. Овој ценовник ќе биде референтен за целата земја и сите фирми членки на Групацијата ќе го потпишат.

Сите крајни корисници кои ќе се обратат за монтажа до фирмите ќе може на оваа веб страна да ги проверат цените. Втор чекот би бил објавување на овластени фирми за монтажа кои се регистрирани правни лица, имаат соодветен алат и сертификат за положен курс за ладилна техника. Се додека немаме регулатива за лиценци ова е можеби добар почеток како ние самите да се избориме за ред и намалување на нелојалната конкуренција.

Идејата е овој процес да продолжи и понатаму односно сите фирми кои се бават со продажба на клима уреди да дозволат заверка на гаранции за нивните производи само ако се монтирани од сервиси кои се на листата на Групацијата.

Во продолжениe се Препорачани цени за монтажи на клима уреди за 2013 година.

Преземи ценовник


Со почит,

м-р Васил Цицонков, дипл. маш. инж.

Престедател на Групацијата СЛК